сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Чомовски до Сугарески: Да го оставиме ВМРО на страна, сега вие сте одговорен пред народот

Чомовски до Сугарески: Да го оставиме ВМРО на страна, сега вие сте одговорен пред народот

Во вчерашната емисија на 1ТВ гостуваше Горан Сугарески, министер за транспорт и врски кој ги презентираше своите реализирани проекти и кои се во тек, и во еден момент започна да говори како ВМРО оставило хаос во самото министерство, при што водителот Александар Чомовски го потсети дека ВМРО треба да се остави на страна бидејќи сега одговорен за министерството и за проектите е тој и треба да полага сметка на народот.

„Значи она што како градежна експанзија ние го најавивме ланската година со исклучок на првиот квартал погледнете ги бројките ќе видите дека од вториот квартал натаму имаме драстично зголемување. За последниот квартал не се бројките излезени меѓутоа јас сум сериозен гледајќи ги делот не само на патната и делот на железничката и комуналната инфраструктура сметам дека економскиот раст во делот ќе се зголеми драстично мислам дека последниот квартал ќе биде сигурно над 3.5%. Затоа ние како влада најавивме сериозен значи уште ланската година тоа се реализира, јас имам тука и можам да ви најдам кои се патишта се работат, и многу ми е она смешна теза која ќе ја слушнам од ВМРО-ДПМНЕ шајка дека не сме заковале. Јас сум сега спремен овде во оваа емисија јасно да соопштам кои се патишта во моментот се отпочнати во време на оваа влада“ – нагласи Сугарески.

Тука го прекина Чомовски велејќи – „Добро емисијава нема да ја претвориме во дијалог со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи вие сте слуга на народот и вие мора да дадете објаснување на што ќе ги трошите парите“.

Најнови вести