Новинарот на 1ТВ, Александар Чомовски, вели дека не знаел дека неговиот менаџер бил под посебни истражни мерки неколку месеци.
„Доколку Бојан бил под ПИ мерки и бил прислушуван, значи дека сме биле и ние прислушувани. Ние сме се слушале со него еднаш на два дена во просек, да се договориме за емисиите и слично. – рече Чомовски во гостување на Радиото „Канал 77“.