четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЧОВЕКОТ СО 100 ИДЕНТИТЕТИ ИМА МАКЕДОНСКИ ПАСОШ: Италијанскиот мафијаш кој го бараат повеќе земји добил пасош од МВР пред две години

ЧОВЕКОТ СО 100 ИДЕНТИТЕТИ ИМА МАКЕДОНСКИ ПАСОШ: Италијанскиот мафијаш кој го бараат повеќе земји добил пасош од МВР пред две години

Аферата „Мафија“ која што пред некој ден ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а потоа реагираше и МВР со апсење на обични службеници станува сѐ по сериозна и зазема светски размери.

Следниот кој според тоа што го објави ВМРО-ДПМНЕ, добил македодонски пасош со украден идентитет е и еден од најсериозните нарко-босови во светски рамки, Јорданецот Валид Иса Камајс.

Камајс кој е еден од клучните играчи кои го котролираат шверцот на кокаин од бразилските пристаништа кон Европа македонскиот пасош го добил на 9.01.2019 година на име Такјо Вурмо.

Инаку, Валид Иса Камајс е водачот на Јорданците кои заедно со италијанските мафијаши од „Ндрангета“ командуваа со логистиката на пристаништата во Бразил за испраќање на кокаив во Европа. Според истрагата која се спроведувала против нив шефот на Италијанците најнасилниот мафијаш, Роко Морабито, познат како У’Тамунга и Валид Иса Камајс одржувале стабилно пријателство три децении.

Валеед е 4та деценија нарко мафијаш кој ја почнал кариерата во 80тите години и е еден од најдоверливите луѓе на шефот на Ндагрета, Роко Морабито кој е број 1 таргет и бегалец на Италијанското МВР.

Валеед од 2017 година е во бегство на повеќе држави во светот, а по добивањето на Македонскиот пасош на име Таќо Вурмо, 2 пати во месец јануари 2019 го искористил македонскиот пасош и преку Аеродромот Петровец заминал за Турција.

Според последните информации се наоѓа на островската држава Мавритиус.

Најнови вести