среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чулев: Корупцијата има метастазирано во сите институции почнувајќи од владата, сите релевантни меѓународни извештаи ја покажуваат како најголем проблем

Чулев: Корупцијата има метастазирано во сите институции почнувајќи од владата, сите релевантни меѓународни извештаи ја покажуваат како најголем проблем

Корупцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Македонија. Таа е нотирана во сите извештаи на Европската комисија како главна пречка заедно со организираниот криминал за напредокот на државата во евроинтеграциите, изјави Наќе Чулев во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

– Дека корупцијата е најсериозниот проблем со кој се соочува државата не е само мое тврдење. Би кажал некои релевантни податоци од меѓународни организации кои ја третираат темата право, а кои своите анализи ги засноваат на комплексни истражувања. Ако го земеме Транспаренси Интернешнл, Македонија во последните години има паднато повеќе од 20 места и кажува каква перцепцијата во држава, потенцираше тој.

Чулев истакна дека пред Македонија е Косово и голем број на африкански земји, 85 место е страшно ако се знае дека сме биле 20 и повеќе места подобри.

– Според Фридом Хаус ние сме уште хибриден режим, не владее демократија. Според светскиот индекс на владеење на право ние сме исто така паднати 23/4 места и повторно Косово и голем дел африкански земји се подобри. Тоа се релевантни показатели во каква состојба е државата. Да не ги споменуваме последните случувања и реакциите на меѓународната заедница по измените во Кривичен закон и заложбите за амнестија. Катастрофална е состојбата со корупцијата и таа ги има зафатено сите државни институции и органи, даватели на услуги, државните институции кои вршат контрола и надзор, јавното обвинителство, правосудните органи, рече тој.

Чулев нагласи дека корупцијата во државата има метастазирано во сите сфери на општеството и до владата и дека владата нема волја да се справи со корупцијата.

– Тука се поставува прашање кој ги контролира јавните обвинители, дали е спроведена истрага или постапка или има осуден јавен обвинител? ЈО одлучува за текот на истрагата и одлучува дали некоја истрага ќе седи во фиока или ќе поднесе обвинителен акт. Во иднина во рамки на борбата против корупција која ќе ја спроведе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе се стави и на корупцијата во ЈО. Македонија нема друг избор ако сака да напредува, ако сакаме да ги вратиме нашите деца, треба да се создаде амбиент каде корупцијата ќе биде минимизирана. Ќе бидат видливи резултати и мерливи во борба против корупција, изјави Чулев.

Најнови вести