вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чулев обвинува: Кривичната пријава против градоначалникот на Куманово Димитриевски има политичка димензија

Чулев обвинува: Кривичната пријава против градоначалникот на Куманово Димитриевски има политичка димензија

Во вечерашното отворено студио на 24 телевизија техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека кривичната пријава против градоначалникот Максим Димитриевски е политички конструирана.

-Од страна на Комисијата за заразни болести беше доставено известување до директорот на Бирото за јавна безбедност, значи не беше доставено до мене, и истото од Бирото за јавна безбедност беше процесуирано до министерството за внатрешни работи на Куманово. По правило можат да поднесат и до мене но, и до Бирото. Но, овој пат ме скокнаа, бидејќи логично би било да поднесат и до двете. Но, така решил Здравствениот инспекторат. Тоа беше спроведено до ЈО кое што ја прифати пријавата и во текот на денешниот ден беше поднесена кривична пријава до градоначалникот на Куманово за ширење на зараза, изјави Чулев.

Најнови вести