Во претстојниот период до средина на мај треба да внимавате да не се повредите или да не дојдете во ситуација да имате потреба од неврохируршка операција.
Средината на февруари се огласи Клиниката за неврохирургија известувајќи ги колегите дека започнува со комплетна реконструкција на Одделот за интензивно лекување и Одделот за болничко лекување, или како што се вели во соопштението „со што значително ќе биде намален капицетот за хоспитализирање на пациенти“.
Во истото се известува дека активностите се очекува да завршат до средината на мај годинава. Притоа се замолуваат вработените во здравствените установи во тој период на оваа Клиника да ги испраќаат само итните случаи.
Но, она што се пропушта да се направи е да се известат здравствените работници каде точно да упатуваат своите пациенти на кои им е потребен итен неврохируршки третман.
Проблемот е што вакви операции нема каде да се прават во држaвава, освен на оваа клиника.