вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Црни чадови со најтоксични отрови загадуваат секојдневно- Е доста е, или ќе се реши ова за 1 месец или ќе ве решиме Вас за некој месец“

„Црни чадови со најтоксични отрови загадуваат секојдневно- Е доста е, или ќе се реши ова за 1 месец или ќе ве решиме Вас за некој месец“

Засилени патроли и инспекции, казни.. првото или второто се во најава и толку, велат од О2 иницијативата за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.

-Драги наши надлежни, ако сакате да го видите резултатот од вашата работа излезете на терен ама не на чело со функцијата што ја имате и со цела придружба за сликање. Излезете приквечерина прошетајте се по кеј со велосипедите..како во добрите времиња во кампања пред победа, или прошетајте се низ Шутка, Визбегово, Злокуќани, Ѓорче Петров и таму се ваши граѓани па видете го правото лице на вашиот град, општина, реон.

Еве го лицето на целата наша, поточно ваша негрижа. Палење кабли за да се дојде до некој грам бакар, црни чадови со најтоксични отрови, загадуваат наоколу. ‼️СЕКОЈДНЕВНО ‼️ Дишеме сите, а најмногу тие..во нашиов случај деца од 8 до 12 години. Наведнати над димот како со најинтересна нова игра, оставени така без никакво предупредување и грижа, ниту од родителите, ниту од случајни минувачи, ниту од надлежните.

Додека заедно го гаснеме огнот, проследено со кратка едукација зошто е тоа забрането, казниво, а пред се штетно за нивното здравје, се обидуваат да се оправдаат дека знаат дека загадуваат, ама ,,за лебче” го правеле тоа.
За 200 ден за кг, наспроти 10 ден за кг шишиња. ..

Супер стимулирачки. Браво за откупните еко центри за управување со отпад, наместо да го откупуваат сосе кабли, па сами да наоѓаат начин, строго контролиран, и одобрен еколошки процес да дојдат до бакарот, вака им е полесно.
Чист производ и чист профит, и еко предзнак за објаснување на својот начин на работа. Да не го спомнуваме начинот на кој ги исплаќаат овие луѓе, сигурно има фискални, па се наоѓаат за поврат на ддв, и плус дополнителен приход од скенирани сметки.

Е доста е, или ќе се реши ова за 1 месец или ќе ве решиме Вас за некој месец.

‼️ Едноставно е: Бараме под итно Влада на Република Северна Македонија да донесе Наредба со која се ЗАБРАНУВА откуп и извоз на старо железо, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг. Иста ваква одлука е ДОНЕСЕНА на 26 март 2012 год поради зголемените кражби на предмети од општа употреба, од типот на шахти, кабли, граничници на патиштата, шини … сите тие се значајни за безбедноста на граѓаните.
За загрозената безбедност од загадениот воздух нема потреба по кој знае кој пат да се повторуваме. Земете ги најновите статистики за пораст на малигни заболувања, посебно кај деца и доволно е.

Оваа Наредба да биде во сила се додека не се донесе нов закон за управување со отпад во кој ќе бидат најстрого контролирани и многу поригорозно санкционирани, сите пропусти кои довеле до вакава состојба.

❌ Инаку наредбата била укината само по 5 недели на барање на Стопанската комора на Македонија, а Министерство за животна средина и просторно планирање се обврзало дека:
„…ќе ја следи состојбата во оваа област и доколку на било кој начин увидиме дека постои непочитување на пропишаните стандарди, спремни сме веднаш да преземеме соодветни мерки, вклучувајќи и враќање на наредбата во сила, рече министерот Адеми….“
7 години потоа, уште увидуваат….

Дојдете и погледнете ги во лице и потоа погледнете се самите во огледало и запрашајте се дали навистина заслужуваме да збориме и да ветуваме европски вредности. И немојте да се правдате со вашите претходници, затоа што со преземање на нивната функција ја наследивте одговорноста и од нивното делување или неделување. Ветувавте промени – направте ги , зошто секое ваше ЌЕ некого го чини живот, секој изминат ден во оваа црна дупка полна со вашата негрижа и несовесност, стои на нивната страница на Фејсбук.

Најнови вести