Со своето јавно признание дека платил 300 илјади евра за посредништво за деловни проекти кои сакал да ги реализира во Македонија црногорскиот тајкун Мирослав Давидовиќ Дака самиот се инкриминира во можен корупциски скандал што е причина за негово истражување од страна на македонските институции.
Откако јавната обвинителка Вилма Русковска им даде зелено светло на министерот Наќе Чулев и полицијата да бараат докази за криминал кој потекнува од аудио „бомбите“ емитувани преку Јутуб каналот, Црногорецот може да биде уапсен при влез во Македонија.
Една од индициите дека Давидовиќ- Дака е дел од криминална шема е фактот што тој во јавната реакција самиот признава дека на Зоран Милевски – Кичеец му платил 300 илјади евра за консалтинг, посредување, застапување и преговарање за бизнис проекти во Македонија.
Според Централниот регистер во Македонија Зоран Милески Кичеец нема регистрирано фирма за ваков вид на дејност (консалтинг, посредување, логистика и застапување) што може да значи дека црногорскиот бизнисмен парите ги дал на рака што пак според македонските закони е незаконско дејствие.
Во ова поведение во кое Дака самиот го признава во јавната изјава има најмалку две индиции за кривичните дела: едното е „трговија со влијание“ (затоа што како што се слуша од аудиото Милески му договара средба со Заев а подоцна се споменува и генералниот серетар на владата Рашковски).
Второто потенцијално дело е перење пари затоа што ако нема прецизен заверен договор меѓу два правни субјеки и банкарски трансакции од кои се гледа за што точно Дака му дава пари на Милески тогаш парите се трансферирани на нелегален начин надвор од македонските законски канали.
Во својата изјава во која ги објаснува своите ставови за објавената аудио бомба Дака вели дека се е чисто не не го објавува договорот со кој тој стапува во формално – правен однос со Кичеец.
Погоре наведените информации и индиции и изјавата на Русковска се доволна основа за МВР да го гони Дака при обидот за влез во Македонија, да го покани да дојде на информативен раговор во МВР или да побара црногорските власти да обезбедат негово учество во случајот кој е извесно дека ќе биде отворен пред македонските правосуднни органи.
Една од мерките кои македонските власти може да ги преземат во текот на постапката за да го обезбедат неговото учество во расчистување на случајот е замрзнување на целиот имот, банкарски сметки и финансиски трансакции на фирми и имоти што Дака го поседува во Македонија.
Според сознанија на црногорски извори Дака веднаш по објавените бомби бил комунициран од кругови блиски на врвот на СДСМ при што му било сугерирано да ја даде јавната реакција со која практично сам се прогласи за осомничен.
Првичната идеја на неговата реакција била да се инволвира екс премиерот Груевски но откако Дака и неговиот тим ги промашиле датумите затоа што Груевски не бил премиер една година пред Дака да се запозае со Милески, црногорецот самиот влегол во замка од која сега тешко може да излезе без прогон од македонските власти.
Дака важи за еден од најбогатите балкански тајкуни близок со врвот на СПЦ и со блиски врски со Кремљ. Во Македонија според неговата изјава поседува огромен имот.
Целата реакција на Дака што може да го однесе в затвор може да ја прочитате ТУКА