сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Црногорскиот премиер до Заев: Впери го прстот кон себе за бегството на Груевски

Црногорскиот премиер до Заев: Впери го прстот кон себе за бегството на Груевски

Душко Марковиќ, црногорскиот премиер, му порала на неговиот македонски колега Зоран Заев дека не може да го вперува прстот кон Црна Гора за бегството на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

– Обврската да се грижи да не побегне нејзиниот поранешен премиер ја имаше Македонија, а не Црна Гора. Заев треба да се позанимава со прашањето зошто навреме не била распишана потерницата за Груевски, изјави Марковиќ откако Заев наведе дека четири земји-пријатели, од кои три членки на НАТО, допуштиле да влезе и да мине на нивна територија.

Марковиќ додава дека Груевски низ Црна Гора минал на целосно законски начин, врз основа на личните документи кои ги имал.

Најнови вести