петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Црвениот крст ќе најави кампања за набавка на инкубатор за бебиња сместени на Детската клиника

Црвениот крст ќе најави кампања за набавка на инкубатор за бебиња сместени на Детската клиника

Црвениот крст во рамки на одбележувањето 75 години постоење ќе спроведе кампања за обезбедување парична донација за Одделот за неонатологија при Универзитетска клиника за детски болести.

Средствата што ќе се соберат ќе бидат наменети за набавка на инкубатор за предвремено родени и болни бебиња сместени на Детската клиника.

За кампањата денеска на прес-конференција ќе информираат генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити и директорката на Клиниката за детски болести, Наташа Најдановска Алулоска.

Најнови вести