четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цуцуловски: Логиката на Шилегов за моторџиите, немојте да се однесувате културно ќе бидете казнувани

Цуцуловски: Логиката на Шилегов за моторџиите, немојте да се однесувате културно ќе бидете казнувани

Професорот Љубомир Цуцуловски се огласи на социјалните мрежи по објавувањето дека моторџиите ќе треба да плаќаат паркинг.

-НЕОБИЧНИ ПОУКИ. Градоналачникот на Скопје, г-дин. Петре Шилегов, одлучил да се наплатува паркинг за мотори и моторцикли. После денешната средба со моторџиите објаснил дека во првата година паркирањето на специјализираните паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ ќе било бесплатно. Потоа, откако ќе се создале навики и култура за правилно паркирање, од следната сезона (значи, догодина) предвидено е да почне да се наплаќа паркинг услугата. Логиката со која се служи градоначалникот не ми е сосема јасна, бидејќи секаде се санкционираат/казнуваат постапките сѐ додека не се стекне одредена култура и одредени навики. Потоа, нема потреба од санкции. Кај скопскиот градоначалник е обратно: откако ќе се создала култура и навики, моторџиите ќе биле казнувани. Заклучокот, т.е. поуката сама по себе следи: немојте да се однесувате културно и да создавате добри навики, бидејќи дури тогаш ќе бидете казнувани. Кој може ова да го разбере, нека повели. Јас сум целосно збунет пред ваквото објаснување, пишува Цуцуловски на Фејсбук.

Најнови вести