сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цуцуловски: Лошата политика на Заев води до создавање на две Влади, две општества

Цуцуловски: Лошата политика на Заев води до создавање на две Влади, две општества

Денес во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше Љубомир Цуцуловски. При своето гостување тој посочи дека досега никогаш не се довело во прашање постоењето на македонската нација, историја и јазик како денес. Сето зло овие години кое се нанесе на нашата држава единствен виновник за тоа е незаконската, нелигитимната влада која ја предводи Заев.

-Ние не само што имаме две паралелни влади, туку постојат и две паралелни општества условно кажано во македонската држава. Едното општетсво условно кажано е македонското, другото апаралелно општетство е албанското. Само еден мал пример – постои да речеме стопанска комора на Северозападна Македонија која е чисто етнички изградена. Значи се градат паралелни институции кои што можат да послужат како добра база за утрешното и формално прогласување не само формирање на две влади, на две паралелни општества, туку и раздвојување на тие две општествени заедници бидејќи некој наводно ќе заклучи дека животот и соживотот е неможен, истакна Цуцуловски.

Цуцуловски додаде дека оваа влада е на апарати, влада која што тешко може да издржи цел мандат.

-Ние денес имаме псевдо Собрание што е налик на Собрание. Но за жал имаме и псевдо образование кое што оди онлајн, тука ќе немате директна комуникација кој е најбитниот дел во образовниот процес помеѓу наставникот и учениците. Ќе имаме квази спортски настани, фубал, ракомет без публика. Се ќе ликува на нешто, но нема да е тоа што треба да биде, нагласи Цуцуловски.

Цуцуловски посочи дека оваа влада носи непромислени одлуки кои можат да наштетат на граѓаните и во нивното секојдневно живеење.

-Оваа влада како што дојде на власт така продолжија да владеат. А, како ќе владеат историјата покажува така најчесто и змаинуваат, рече Цуцуловски.

Цуцуловски појасни дека оваа влада продолжува по старата навика едно да ветат, едно да прават.

Најнови вести