вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Избегнувајте движење во и покрај суводолици и стари корита, следува невреме!

ЦУК СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Избегнувајте движење во и покрај суводолици и стари корита, следува невреме!

Превентивена препорака – апел до граѓаните во земјава за внимателност заради силно локално невреме

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме во попладневните и вечерните часови. Таквата прогноза и превентивен апел за внимателност важи и за целата работна недела.

Конкретно, од УХМР известија дека земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност: Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје предвидуваат дека попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Инаку, според најавата, метеоролошката прогноза од УХМР зборува дека во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.

Исто така, во Скопската Котлина ќе биде нестабилно метеоролошкото време (освен утре), со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

Најнови вести