На денешната седница во Собрание на Република Македонија се обрати пратеникот Драган Цуклев од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при што го запраша пратеникот Локвенец кога сте во право, ако го читате член 41 или кога сте го пишувале текстот од член 41.
Текст на одредбата од законот за концесии и јавно-приватно партнерство што се изменува и дополнува. Од кај оваа линеја сега што не ја прочитавте, а ја нема во основниот текст на законот, прочистениот текст? Од каде линеја во текст од одредбата за закон за концесии јавно-приватно партнерство што се изменува и дополнува?, запраша Цуклев.
Цуклев ја прочита линејата – „Доколку се утврди престанок на интересот за предметот договорот за концесија, е концедентот кој што ќе го ослободи концисионерот од нејзино исполнување под услов истиот договорната обврска да ја реализира во полн износ во добра од општ интерес од претходно добиена согласност од Владата и на општината или Градот Скопје“.
Ја има во предлог закон кој што вие сте го доставиле од вас пратеници.Не ја прочитавте и ја нема во прочистениот текст на законот член 41, вратете го овој закон преку ноќ и така преку скратени постапки да Владата се затскрива зад вас. Немојте да бидете параван за нешто што смислила владата. Немојте да бидете параван и не смее овој Законодавен дом да е параван за нешто што смислила владата, нагласи Цуклев.