недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цуклев до Владата: Додека во развиениот свет се штеди електрична енергија, само кај нас се субвенционира трошење на истата

Цуклев до Владата: Додека во развиениот свет се штеди електрична енергија, само кај нас се субвенционира трошење на истата

Пратеникот Драган Цуклев денеска од собраниската говорница посочи дека во развиениот свет се штеди електрична енергија, а само кај нас се субвенционира трошење на истата.

-И сега замислете цел свет води политика на штедење на електрична енергија, каде што во тие држави, развиениот свет барем застрашен недомаќинлук се смета како трошење на електрична енергија за загревање. А, ние субвенционираме трошење на електрична енергија за загревање, нагласи Цуклев.

Цуклев додаде која разлика е оваа мерка од мерките на развиениот свет.

-Дополнително на тоа електричната енергија која што се произведува во Република Македонија, 80% од фосилни горива, со некалоричен лигнит чии што извори се при крај. И ние сега таа произведена топлинска енергија во РЕК Битола од која што само 30% е од 100% топлинска енергија се трансформира во електрична енергија, а ние пак ја враќаме како топлинска енергија. Ова да го видат луѓето од развиениот свет каде што е на високо ниво политика на штедење на електрична енергија не знам за какви ќе не извадат, заклучи Цуклев.

Цуклев рече дека се субвенционира инвертер клими во Битола, а на исто место се произведува електрична енергија од фосилни горива. -А, за неколку години согласно правилата на енергетската заедница треба да се плаќа такса за секоја емисија на CO2 во воздухот.

 

Најнови вести