Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев од Собраниската говорница на денешната седница ја повика власта да ги објави бројките, односно резултатите од воведувањето на мерката „Мој ДДВ“. Тој побара од Владата да ги излезе со податок дали е зголем број на фиксални апарати, на регистрирање на готовинските плаќања за зголемување на бројот на издадени фискални сметки,бројчано и вредносно .
-Дали овој проект ги дава или не ги дава очекуваните резултати треба најмеродавни да бидат податоците за зголемување на бројот на фискални апарати во функција на регистрирање на готовинските плаќања, на зголемување на бројот на издадените фискални сметки и бројчано и вредносно. Три милиони евра планирате во ребалансот на буџетот од првите три месеци за враќање кон граѓаните има само три милиони евра од планирани 5 милиони евра. Додека траеше распрвата видовме колку е вкупниот износ кој што треба до крајот на годината да се врати кај граѓаните. Зошто Владата не ги пренамени преостанатите 2 милиони евра за други намени ако ВЛадата е ревносна во своето работење затоа што ребалансот се врати кај Владата по расправата на комисија. Непотребно стојат резервирани 2 милиони евра на ставката за проектот мој ддв. Толку од ревносното работење на министерството за финансии кога е ребалансот во прашање. Уште еднаш излезете со податок дали е зголем број на фиксални апарати, на регистрирање на готовинските плаќања за зголемување на бројот на издадени фискални сметки,бројчано и вредносно тогаш ќе кажам овој проек ги дал очекуваните резултати. А приказни за наплатено ДДВ не ни требаат, затоа што ДДВ-то колега Диме Велковски се наплаќа во сите фази на процесот на производство, трговијата и услугите, вели Цуклев.