вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цуклев: Дури и во време на економска криза, ВМРО-ДПМНЕ оствари поголема стапка на раст за разлика од Владата на СДСМ

Цуклев: Дури и во време на економска криза, ВМРО-ДПМНЕ оствари поголема стапка на раст за разлика од Владата на СДСМ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 направи споредба на економскиот раст во Македонија за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ, дури и за време на економската криза во Европа, успеала да оствари поголема стапка на раст во економијата, за разлика од владата на СДСМ, која во периодот кога има далеку подобри услови за развивање на економијата, сепак растот изнесува 0%.

-Од една страна светска економска криза, должничка криза во Европа, неконструктивна опозиција, кога е во прашање економијата, Република Македонија остваруваше едни од највисоките стапки на раст. Од друга страна имаме период во кој што имаме висока побарувачка, европската економија расте со високи стапки на раст и имаме ниска каматна стапка на европската централна банка и имаме повеќе од конструктивно однесување кога е во прашање економијата од страна на опозицијата, а Република Македонија има најниски стапки на раст посочи Цуклев.

Иако владата на СДСМ ветуваше раст на стапка од 3,2%, сепак Цуклев вели дека тоа нема да се случи.

Тој посочи дека доволно е владата на СДСМ да се осврне на реализација на капиталните инвестиции без да предизвика нестабилност во даночната политика и разни промени кои ќе ги одвраќаат инвеститорите.

-Јас би рекол дека не треба воопшто да се разговара околу тоа дали ќе се постигне или нема да се постигне стапката од 3,2% имајќи ја во предвид споредбената основа од минатата година нели стапката од 3,2% беше планирана на раст од 1,6 % во 2017 година а 2017 ја завршивме со 0% односно без раст. Значи со таква споредбена основа во такви економски прилики во надворешното опкружување на раст на европската економија и ниски каматни стапки од европската централна банка, мислам само да поработите како власт да ги реализирате во еден задоволителен процент капиталните инвестиции и ништо друго да не правите стопанството ќе ја истурка македонската економија во 3,2 % . Само да не предизвикувате нестабилност во даночната политика, да не најавувате разно разни промени кои што ги одваќаат инвеститорите, рече Цуклев.

За капиталните инвестиции кои што се веќе отпочнати, пратеникот рече дека владата на СДСМ ги одложува или прекинува проектите на одредено време се со цел да си ги препишат проектите на нивно име започнувајќи од патиштата, клиничките центри и многу други проекти за кои власта нема ниеден аргумент за одложување и прекинување на истите.

Тој посочи дека владата на СДСМ има реализирано само 7% од капиталните инвестиции во еден квартал што значи дека за 12 месеци нема да се реализираат ниту 30% од планираното.

-Околу реализација на капиталните инвестиции 7% во еден квартал што значи годината нема 30 месеци има 12 месеци . Со оваа динамика ако продолжите нема да реализирате ни 30% од планираното. Премиерот најави некоја си пролетна инвестициона офанзива само не знам на СДСМ и на Владата кога ќе му запролети затоа што сме веќе мај месец, истакна Цуклев.

Најнови вести