Изговорите од типот турбулентен период, немање на проекти и грешки во проекти ајде до некаде можеби држеа вода за 2017 година. Меѓутоа овој буџет го испланира и овие капитални инвестиции оваа влада предводена од СДСМ. Значи тука изговор од немање на проекти и грешки во проекти воопшто не држат вода, појасни пратеникот Драган Цуклев во отвореното студио на ТВ Шења.
Цуклев посочи дека и на крајот на краиштата немаме пад само ние во јавните капитални инвестиции, ние воопшто имаме во бруто инвестициите пад. Ако земете да ги погледнете статистичките податоци ќе дојдеме до ситуација дека до вториот квартал 2017 година, 7 квартали по ред имаме раст на бруто инвестиции, приватни и јавни. Пет квартали по ред од третиот квартал навака имаме падови од 10 и над 10%. Падот на бруто инвестициите во првото полугодие 10%, во првиот квартал 11%.
Ако ја погледнеме статистиката за вредноста на извршени градежни работи во 2017 и 2018 година во споредба со трудот со просекот од 2015 ќе констатираме дека последен месец во кое што имаме повисок раст на вредноста на извршените градежни работи во споредба со просек од 2015 година, оттогаш натаму имаме само падови кои што се некаде 60%. Тоа доволно го покажува капацитетот на оваа влада за раководење со институциите и овој ребаланс е доказ дека оваа влада нема капацитет за раководење со институциите, образложи Цуклев.