Жалосно е во оваа држава што, најчеста дестинација во која што се упатуваат известувачите од речиси сите медиуми во државава, се Судот, истражниот затвор Шутка и Собрание со овие точки на Комисијата за мандатно-имунитетни парашања, за симнување на имунитет на колеги пратеници, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, на денешната комисиска седница за мандатно-имунитетни прашања.
-Ова е осма по ред постапка за симнување на имунитет, а Судот е насчеста дестинација во која што уште на почетокот на своето работно време известувачите, новинарите, снимателите од сите медиуми речиси секој ден се на таа дестинација. Во таква држава, колега Богоевски нема реформи и нема правдина, рече Цуклев.
Тој додаде дека денес, медиумите наместо да забележат некоја нова инвестиција, независно во ТИРЗ-зоните или кај домашен инвеститор во индустриска зона било каде во државава. Да забележат некои почнувања или завршувања на некој инфраструктурен проект, точка на врв на медиумско внимание се овие процеси во државава, за кои никој во државава не можете да го убедите дека се правни, дека се чисто правни туку се политички процеси.
-Тие се процеси врз кои политиката и те како има поставено тешка рака врз правдата. Доказ за тоа е и начинот на кој што се одвиваше целиот судски процес за 27-ми април, кое што е во завршни зборови, и сите контроверзии кои што го следеа тој процес. Добро знаете дека во ноември месец ми е одземен телефонот на пратеникот, порано претседател на Собранието, за кој што денеска има барање за симнување на имунитетот. Добро знаете дека тој бил на распит уште во јануари 2018 во обвинителството и дека не е покренат обвинителен акт против него. И сега по повеќе од година дена покренуват и се бара симнување на имунитетот, истакна Драган Цуклев.