сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Д-р Балевски: Пациентот ја фати за врат 62-годишната лекарка и почна да ја дави

Д-р Балевски: Пациентот ја фати за врат 62-годишната лекарка и почна да ја дави

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информираше полицијата.

Директорот на охридската болница, доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ го опиша инцидентот и кажа дека утринава во амбулантата на инфективното одделение, пациент што чекал на ред почнал да дави една од двете лекарки на смена. Докторката, инфектолог, имала 62 години.

Инцидентот го спречиле некои присутни членови на семејството на пациентот, па лекарката била навремено оттргната од рацете на лутиот пациент.

-Ова е срамота. Нема што не се изнагледавме во пандемијата. Во амбулантата дневно има и по 60 прегледи со само две лекарки и денеска една од нив пациент што не сакал да чека во ред, ја фатил за врат да ја дави. Пријавивме во полиција, лекарката е добра. Станува збор за искусна докторка на 62 години. Срамота е што ги напаѓаат лекарите, изјави доктор Балевски за Слободен печат.

Најнови вести