Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук ја пренесува изјавата на доктор Никола Маџунков на третата академија за здравство во Струмица.
„👉Потребни се нови реформи, проекти и програми кои што веќе ги имаме и ќе бидат дел од новата програма и Влада на ВМРО ДПМНЕ, кажа д-р Никола Маџунков на ТРЕТАТА АКАДЕМИЈА ЗА ЗДРАВСТВО во Струмица.
👉Како регион имаме многу населени места тоа значи потребно е да работиме на што подобри и побрзи здравствени услуги во секое едно населено место, потребни се итни реформи во примарното здравство во смисла на услугите и условите.
Потребни се сериозни реформи во струмичката болница во услуги, опрема и инвестиции.
👉Најбитен момент е отварање на новото крило на Болницата кое не е отворено повеќе години.
👉 Чест ни е денес да бидеме домаќини на оваа ТРЕТА АКАДЕМИЈА за здравство во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
➡️Ова е стручен состанок за нови протоколи и методи за лекување на пациентите во здравствениот систем.
✔️Имаме искусни предавачи професори од Медицинскиот факултет во Скопје и специјалисти од Болницата во Струмица. Со овој настан ВМРО-ДПМНЕ го истакна значењето на проблемите во струмичкото здравство, во насока на нивно решавање.
👉Покажуваме поддршка на сите здравствени работници за решавање на проблемите и покажуваме спремност и сериозна заложба за проблемите кои ги имаат нашите граѓани“, стои во нивниот пост на Фејсбук.