сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Д-р. Сопова од Инфективната клиника го прашува министерот Филипче: Како им помагате на преморените здравствени работници?!

Д-р. Сопова од Инфективната клиника го прашува министерот Филипче: Како им помагате на преморените здравствени работници?!

Почитуван Г-дине министре, нема да коментирам овојпат за троцифрената бројка на новозаразени и за превземените превентивни мерки кои делимично беа укинати, надевајќи се дека нема да дојде до ова. Нема ни да Ве прашам зошто Комисијата за заразни болести не Ви ги напомена и верските обичаи на нашиот народ во Р.Македонија без разлика на националност, реагира доктор Жаклина Сопова од Клиниката за инфективни болести и понатаму прашува:

1.Како им помагате на преморените здравствени работници?! …со мобилизација на здрав.работници на кои им е потребно време за прилагодување во една нова работна средина, и само што ќе се прилагодат ги менувате со нови, на кои исто им треба прилагодување !?

2. Со планот кој сте го имале подготвен за справување со ваква ситуација, а истиот го менувате на дневна основа!?…

3.Со користење на понудената помош од приватните болници ?!…

4. Кој Ви е планот за останатите пациенти , кога ќе им ги одземете сите здравствени работници за да се справат со оваа ситуација која сте ја предвиделе!?..

Дали и за тој план ќе решавате на дневна основа? Дали секој еден граѓанин кој има неприкосновено право да добие соодветна здравствена помош, секаде и секогаш кога за истата ќе има потреба ќе му ја обезбедите со сите Ваши изготвени Планови кои ги менувате на дневна основа???

….се надевам одговорот за сето ова ЌЕ следи…само нека не биде на дневна основа!!!

фејсбук статус на доктор Жаклина Сопова

Најнови вести