На социјалните мрежи се шири апел за помош на Игор Станишев попознат како Егеец од Ѓорче Петров кој во септември минатата година доживеал мозочен удар.
„За подобро опоравување потребна е интензивна терапија во клиника во Ниш што чини 200 евра на ден, а првичната проценка на медицинскиот тим е дека опоравувањето би траело три месеци.
Со оглед на тоа што Игор е сопственик на мал бизнис кој што е базиран на физичка работа, а во исто време е и единствен вработен самиот не е во можност да ги покрие овие трошоци затоа со рака на срце ве замолуваме за било каква донација што ќе биде од огромно значење“, стои во апелот.