среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Да ги развиориме боите на Македонија, да го отсонуваме заедничкиот сон, порача Мицкоски

Да ги развиориме боите на Македонија, да го отсонуваме заедничкиот сон, порача Мицкоски

Мора да направиме обединување на знаењето и капацитетите, па да се стави во погон најдоброто од нашата земја. Ја претставив новата политичка стратегија на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“ која обединува и во која секој е важен. Подадов рака затоа што Македонија тоа го бара од мене, на секој еден од вас. Неминовно е обединувањето на опозицискиот блок и тој процес кој што е веќе започнат го официјализираме од денес, па набргу очекувајте конкретни резултати – рече пред крајот на својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој говореше пред присутните во Античкиот амфитеатар во Охрид, каде вечерва партијата одбележува 31 година од своето постоење.

Тој уште еднаш го повтори слоганот – Македонија е за сите луѓе нагласувајќи дека Македонија е за сите партии, групации и индивидуалци кои си ја сакаат земјата.

Затоа оваа битка е наша заедничка, на сите нас кои сме против мафијата на власт предводена од Заев и СДСМ. Можеби помеѓу нас има разлики, но она што не обединува е многу поголемо. Македонија тоа го бара од нас, од сите нас. Ја знаете сите онаа важна животна лекција дека една по една прачките полесно се кршат, а кога се заедно една до друга, здружени, обединети, нема сила која може да ги скрши. Туку тие ќе го скршат криминалот и хибридниот режим кои ја притискаат Македонија. Добредојдена е секоја интелектуална и граѓанска сила и партија, било да се оние кои срамежливо одбиваат да одговорат дали ни се приклучуваат или оние кои ни даваат поддршка да одиме до крај. Оваа е заедничка битка и заедничка ќе биде победата – рече Мицкоски.

Македонија е многу повеќе од една или две партии, од една генерација или повеќе генерации политичари. Мицкоски во својот говор нагласи дека Македонија е заедничката покривка околу која сите се обединуваме.

Луѓето бараат среќа и поквалитетен живот, луѓето бараат промени, луѓето сакаат да си ја вратат државата. Ќе се избориме обединети, силно и одлучно. Ова е битката на нашите животи! Да ги развиориме боите на Македонија, да го отсонуваме заедничкиот сон. Како што фудбалерите нашите херои го остварија нашиот сон од младоста, овој пат сонот на нашите животи за успешна и интегрирана земја да го исполниме ние, започнувајќи од сега и од овде. Македонија за сите луѓе.

Најнови вести