Живееме во неизведно време и сиромашна држава, па поради тоа често сме сведоци на најразлични апели за помош. Досега ја многупати ја покажавме нашата хуманост па ајде и овој пат да биде така.
Имено, на социјалните мрежи, поточно на фејсбук страницата на “Проект Среќа” се споделува апел за помош на младо момче, чија мајка неодамна ја загубила својата работа, па не може да му обезбеди 250 евра за студирањето на факултет, поради тоа помош бараат од хуманите граѓани.
Објавата ја пренесуваме во целост во продолжение:
“Драги пријатели, на едно момче, кое живее само со мајка, дете од еднородителско семејство, сме му многу потребни! Тој е примен на факултет, но во приватна квота, со 250 евра партиципација, која тој и неговата мајка која пред една недела остана без работа не можат да си ги дозволат! Се работи за прекрасно, воспитано момче, одлучен ученик кој сака и мора да го продолжи своето овразование за подобро утре! До понеделник мора да уплати! Ве молиме сите кои можете да донирате одредена сума, да ни пишете порака, за да заеднички успееме уште една приказна да има среќен крај!”, стои во објавата на “Проект Среќа”.
Сите кои сакаат да помогнат нека се обратат на следната страница со клик ТУКА.