вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Да помогнеме да се спаси од парализа: Нашите 100 денари за Лидија значат нормален живот!

Да помогнеме да се спаси од парализа: Нашите 100 денари за Лидија значат нормален живот!

Потребни сме и на Лидија Ристевска која боледува од мултиплекс склероза во многу напредната состојба и предизвикува целосна парализа, тешкотии со дишење и многу други проблеми.

Собрана е само половина од потребната сума, но недостигаат уште 23.000 евра.

Да ја покажеме хуманата страна и да донираме на отворените донациски броеви:
143 121 Телеком
143 474 Вип

Итна е и неодложна само трансплатација со матични клетки за состојбата. Третманот се извршува во Русија и е 45.000 евра односно со сите трошоци над 50.000 евра. Од потребната сума собрано е само 50%.

Да помогнеме Лидија да се спаси од парализа. Закажаниот третман во месец јуни не се реализираше, бидејќи не беа собрани потребните средства. Дали наредниот ќе се реализира зависи од нас!

Состојбата е доста загрижувачка и пожелно е што побргу да се направи. Нашите 100 денари за Лидија нормален живот значат.

Најнови вести