петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дац по смртта на Беличанец: Имаше цврстина на маж, а беше кревка како кокиче

Дац по смртта на Беличанец: Имаше цврстина на маж, а беше кревка како кокиче

Прераната смрт на актерката Билјана Беличанец, која беше пронајдена обесена во својот стан во Скопје ја шокираше актерската фела и воопшто Македонија.

Покрај актерка, Беличанец во 2013-та година заплови и во политичките води кога стана градоначалник на општина Кисела Вода, функција која ја извршуваше до пред две години.

-Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија…, напиша Дац на својот ФБ профил.

Најнови вести