Дали министерката за финансии Нина Ангеловска навреме си ги повлекла парите од депозитите во пропадната Еуростандард банка? – прашува порталот Република.
Според имотниот лист на министерката што го објави ДКСК кога беше именувана на функцијата во октомври 2019 година, Ангеловска во „Еуростандард“ има скоро 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51 илјада евра девизен депозит во истата банка од 2017.
Во моментов, нејзиниот имотен лист изгледа вака:
Пред речиси една година во Еуростандард Ангеловска пријавила девизен депозит од 51.233 евра, а денес според последното ажурирање на имотниот лист во банката има 534 евра.