„Аласат М“ дознава дека Извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева, најверојатно ќе биде разгледуван на некоја од собраниските комисии зад затворени врати.
Опцијата – јавноста да биде исклучена, најверојатно ќе биде во игра, поради чувствителноста во судските истраги, но и имињата спомнати во него.
-Ваквата можност ја дозволувал членот 18 од Законот за СЈО. Претседателот на Комисијата за избори и именувања, за Алсат посочи дека Извештајот од Советот на јавните обвинители сѐ уште го нема добиено, а од кабинетот на претседателот на собрнието велат дека Извештајот го добиле вчера, доцна попладне. Спикерот треба да го разгледа и во понеделник ќе го пушти до соодветна комисија, анализира телевизијата.
Кој и што сака да сокрие, исклучувајќи ја јавноста од случајот кој е од голем интерес?
Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка, е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“. Многу прашања во врска со овој случај останаа отворени.
Индициите и основаните сомнежи говорат дека во рекетирањето се вклучени лица од врвот на власта. Дали поради нивното споменување, вратата ќе остане затворена, останува да видиме.