понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Дали и ТЕЦ Неготино ќе се најде на листата на фирми за кои власта на чело со Заев е трганата во целосна распродажба?“

„Дали и ТЕЦ Неготино ќе се најде на листата на фирми за кои власта на чело со Заев е трганата во целосна распродажба?“

ДАЛИ И ТЕЦ НЕГОТИНО ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НА ФИРМИ ЗА КОИ ВЛАСТА НА ЧЕЛО СО ЗОРАН ЗАЕВ Е ТРГНАТА ВО ЦЕЛОСНА РАСПРОДАЖБА?, ова денеска преку статус на Фејсбук го прашува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Мафијата на власт на чело со Зоран Заев очигледно е тргната во целосна распродажба на Македонија. Откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, следна во низата најави е продажбата на Македонски пошти, а потоа и ТЕЦ Неготино.
До сега СДСМ знаеше да се присети на ТЕЦ Неготино само кога ќе дојдат избори. Не е далеку 2016 година, кога на тогашните избори ветуваа пренамена на ТЕЦ Неготино во енергетско-земјоделски комбинат и користење на природниот гас во оваа електрана (Слика 1). Дека ова било една од многуте лаги, се докажа со тоа што изминативе четири години ниту се модернизира ТЕЦ Неготино, ниту се гасифицира, ниту се пренамени во некаков си енергетско-земјоделски комбинат.
Исто така, никаде ги нема производството на раноградинарски култури и прехранбено преработувачката индустрија за кои ветуваа дека како евтин енергенс ќе ја користеле произведената топлинска енергија од оваа електрана.
На изборите во јули повторно се фалеа со истиот проект. Имено, во Програмата за избори на СДСМ во јули 2020 година стои дека во текот на 2020 година ќе биде објавен тендер за модернизација и трансформација на ТЕЦ Неготино, во постројка која ќе користи природен гас и ќе обезбеди можности за зголемено земјоделско производство (Слика 2).
После изборите во јули имаме ново изненадување: приватизација на ТЕЦ Неготино. Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Наместо да се направи стратегија гасоводот да влезе во ТЕЦ Неготино и истата наместо на мазут да се префрли да работи на гас, СДСМ повторно ќе го раскрчмува државниот имот.
Но, за нив ништо не е чудно. Откако во 2006 го продадоа делот на дистрибуцијата на електрична енергија од тогашното Електростопанство на Македонија, па во 2019 година распишаа тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен во кој на новиот инвеститор на подарок му ја даваат ХЕЦ Тиквеш, оваа информација за продажбата на ТЕЦ Неготино воопшто и не изненадува.
Ваквото лицемерие нема да остане неказнето од страна на граѓаните, а посебно од оние кои живеат во населените места во околината од ТЕЦ Неготино, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ДАЛИ И ТЕЦ НЕГОТИНО ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НА ФИРМИ ЗА КОИ ВЛАСТА НА ЧЕЛО СО ЗОРАН ЗАЕВ Е ТРГНАТА ВО ЦЕЛОСНА…

Gepostet von Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ am Donnerstag, 15. Oktober 2020

 

Најнови вести