среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали ќе има нови имиња на црната листа на САД?

Дали ќе има нови имиња на црната листа на САД?

Се очекуваат нови имиња на американската црна листа. Иако едвај чека да ги види имињата, вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска вели дека обврска на нашите институции е да постапуваат.

Последен кој се најде на црната листа з висока корупција беше Рамиз Мерко, за него беше прашан Изет Меџити како негов екс сопартиец. Во Summer Click на ТВ21 Меџити рече дека доколку некој се најде на таа листа, завршува политичката кариера на тоа лице.

„Жал ми е за г. Мерко кој се најде на таа листа бидејќи имавме соработка во минатото како колеги. Никој не знае кој може да биде на американската црна листа, но мислам дека во моментот кога ќе се најде таму, се затвора политичкиот тефтер и треба да се отвори патот за други“, вели Изет Меџити.

Грковска вели дека во случајот на Мерко станува збор токму за непостапувањето на институциите што ја зголемува недовербата на граѓаните во судството, а истакнува дека за поефикасно менаџирање на корупцијата во земјава важно е и да има повисоки казни отколку досега.

Најнови вести