сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дали коалицискиот партнер на СДСМ поддржува насилство врз спортисти?

Дали коалицискиот партнер на СДСМ поддржува насилство врз спортисти?

Дали еден од лидерите на владеачката коалиција на СДСМ, Рубин Земон го оправдува нехуманиот, нечовечкиот и авторитарниот чин на полицаецот кој на натпреварот Вардар – Пелистер жестоко со силен замав на пендрек го удри нашиот ракометарски првенец, младиот спортист Филип Талески.

Ова прашање се наметнува откако Земон со скандалозен статус се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

“Што треба друго да се превзеде во моментов? Ниту Талески е Звонимир Бобан, ниту играа Динамо со Црвена Ѕвезда, намалите малку доживувањето” напиша на Фејсбук политичарот од власта и лидер на владеачката партија ПОЕН.

Јавноста изминатите денови со право реагира на оваа отворена манифестација на тоталитарна свест на власта на Ковачевски, но за жал, партиите дел од коалицијата на СДСМ немаат трошка совест.

Најнови вести