ДАЛИ МЕЃУНАРОДНИОТ ТЕНДЕР ЗА ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЧЕБРЕН ЌЕ ЈА ИМА ИСТАТА СУДБИНА КАКО И НАБАВКАТА НА ВАКЦИНИ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ?!
На 53-та седница Владата ја објави листата на конзорциуми кандидати за концесија на хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) кои ја поминаа првата фаза на еваулација. Меѓу кандидатите кои ја поминаа првата фаза на евалуација е „Пауер Чајна“ за која премиерот Заев спомена пред три дена дека побарал помош за побрза набавка на Кинески вакцини.
Способноста на Заев да истурка проект за доделување на концесија на течението на Реката Црна и изградба на Хидроелектраната Чебрен е доведена до сомнеж бидејќи овој неспособен Премиер не УСПЕА со неспособната Влада да ги заштити своите граѓани од пандемијата Ковид 19 и не успеа да набави вакцини како сите наши соседи. Како овие Конзорциуми кои ја поминаа првата фаза, ќе се надеваат на коректност на фтората фаза на постапката? Како овие Конзорциуми ќе му веруваат на Заев дека постапката ќе биде транспарентна, кога истиот тој Заев како премиер изјави дека го згрешил патот за набавка на вакцини, па поради тоа бил вратен авансот кој бил уплатен.
Во изјавата на Заев дека побарал помош за набавка на вакцината против Ковид- 19 од фирмата „Пауер Чајна“ е уште еден СКАНДАЛ, бидејќи како премиер имаше доволно време тоа да го направи преку државните институции, законски, а не со писма и со договарања како физичко лице. Ако тој се јавил да побара помош од фирма „Пауер Чајна’, а истата како конзорциум учествува во фазата на предквалификација за изградба на браната Чебрен, се јавува сомнеж која против услуга ќе треба да ја направи Заев за да се реваншира за помошта која требаше да ја добиеме како држава за набавка на вакцините.
Ако малку се потсетиме оваа е истата Влада составена од кадри од партијата СДСМ, која поранешното Електростопанство на Македонија (АД ЕСМ) го трансформира во три фирми, па ја продаде ЕСМ Дистрибуција на ЕВН. Од овој т.н. „бонбона бизнис“ неколку членови на СДСМ добро се офајдија, за да до денес последиците од овој бонбона бизнис ги трпат сите граѓани на Македонија.
Во исто време да ја потсетиме јавноста дека изградбата на ХЕЦ Чебрен е всушност „бонбона бизнис 2“ поради следното: најповолниот понудувач, под услови и на начин определени со тендерската документација, ќе основа заедничка компанија со АД ЕЛЕМ, по што ќе се склучи договорот за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река.Минималниот процент кој треба да биде понуден за АД ЕЛЕМ во заедничката компанија да биде 25%.
ХЕЦ Тиквеш да биде внесен во заедничката компанија по изградбата на ХЕЦ Чебрен.
Ги прашуваме Зоран Заев и СДСМ од каде им е идејата за ваков добар бонбона бизнис, без никаков срам да го раскрчмуваат државниот имот на АД ЕЛЕМ? Дали не помислија дека еден ден ќе одговараат за ова раскрчмување на капиталот на АД ЕЛЕМ, кој во целост е државна сопственост? Подарувајќи го ХЕЦ Тиквеш на приватниот партнер кој ќе го добие тендерот за ХЕЦ „Чебрен“, всушност ја разнебитуваат македонската компанија AД ЕЛЕМ, која е стожер на македонската економија.
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ
Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ