Министерството за образование и наука во експресно време наумиле да делат средства на фирми и консултанти кои ќе работат на дизајн и развој на интерактивни дигитални образовни содржини. Ова го обелоденија група на родители кои се против реформите на Зоран Заев и Мила Царовска.
Тие прашуваат дали МОН смета дека е над законите.
-Додека ние чекаме известување од Претседателот на Собранието, Министерството за образование и наука во експресно време наумиле да делат средства на фирми и консултанти кои ќе работат на дизајн и развој на интерактивни дигитални образовни содржини. Дали овие содржини ќе подлежат на стручно разгледување, рецензирање и потврдување за коректноста на содржините пред да се пуштат во употреба? Кој го прави тоа? Дали има Закон за регулирање на подготовката, изработката и авторските права? Дали МОН смета дека е над законите? – прашуваат родителите во групата „Учебници и настава мора да има“.