Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција демантира дека отворило истрага за модуларните болници.
Во врска со објавениот текст на интернет страницата на Слободен печат, со наслов „Обвинителството покренало истрага за сите модуларни болници“, во кој се објавува дезинформација, во интерес на вистината Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има должност да ја информира јавноста“, соопшти Обвинителството.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испрати соопштение со наслов „ Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ја истражува јавната набавка за изградба на модуларните болници“ на 10.9.2021 година. Во тоа соопштение Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираше дека е отворен предмет по допрен глас и е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болница од Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика.
Со оглед дека истражната постапка се темели на докази, а документацијата се уште не е прибрана, исклучена е можноста обвинителството да донесе одлука за истрага без соодветна документација и без докази. Дејствијата што во моментов ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се дел од предистражна постапка и се со цел проверка на спроведувањето и реализацијата на јавната набавка за изградба на модуларните болници. Врз основа на резултатите што ќе произлезат од предистражната постапка, јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката, односно дали ќе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка или ќе ја затвори предистражната постапка, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се вели во реакцијата на Обвинителството.
По ова станува нејасно дали некој воопшто води истрага за модуларните болници, бидејќи ако Обвинителството нема отворено, тогаш очигледно никој досега не започнал со постапка во која ќе се бара одговорност!