недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Дали РКЕ го најавува колапсот на електроенергетиката во Македонија?“

„Дали РКЕ го најавува колапсот на електроенергетиката во Македонија?“

ДАЛИ РКЕ ГО НАЈАВУВА КОЛАПСОТ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА?!
Последниве четири години слушаме многу “бисери“ од власта на СДСМ, но овој последниот од страна на Претседателот на РКЕ не е воопшто за потценување.
Бислимоски потенцира две работи во својата изјава: првата е дека ќе се стави и над Законите, но нема да дозволи покачување на струјата и втората дека ќе даде ваучери (читај “државен поткуп“) на социјално ранливи граѓани.
Јасно е дека ваучерите се во функција на следните локални избори закажани за октомври 2021 година. Сепак РКЕ треба да одговори на следното: во Македонија се повеќе се чувствува осиромашувањето на населението, а ако вака продолжи Владата на СДСМ, сите ќе станат социјални случаи. Тогаш кому ваучери? .
Многу пострашна состојба до која нé доведе СДСМ е непочитување на законите. Поважен е договорот од штабовите на СДСМ, без оглед дали е тоа законски или не. Така се формира цената на струјата и другите енергенси: политички.
Иако цената на струјата ја одредува РКЕ по однапред утврдена методологија, сега РКЕ вели било каква да е пресметката, цената на струјата за домаќинствата нема да се покачи.
Ова отвара многу прашања. Посебно ако се знае дека состојбата со државните енергетски компании МЕПСО и АД ЕЛЕМ е незавидна после четригодишното пустошење на овие компании од страна на СДСМ.
МЕПСО до пред една година важеше за успешна профитабилна компанија. Сега за 2020 година излегоа податоци дека МЕПСО е во загуба од 6 милиони ЕВРА.
Дали има влијание тоа што дојде нов директор од редовите на ДУИ, па веднаш профитот го “потрошија“ и влегоа во загуба или пак само се прикажа реалната состојба на компанијата? Дали дополнително има влијание непотребното партиско превработување со партиски гласачи кои ништо не работат, а земаат високи плати?
Тоа е предмет на посериозна финансиска анализа, за која ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати веднаш по доаѓање на власт .
Состојбата со АД ЕЛЕМ е уште позагрижувачка. Се уште нема званични извештаи за финансиската состојба за 2020 година, но од незванични информации се знае дека АД ЕЛЕМ ја завршила 2020 година со повеќе од 25 милиони ЕВРА загуба. Загубата е веројатно точна имајќи предвид дека главните приходи се од производството на електрична енергија која пак во 2020 година е рекордно најниска од како постои АД ЕЛЕМ и изнесува 3.642,7 GWh. Извршено е партиско и рамковно превработување со партиски гласачи кои ништо не работат, а земаат високи плати. Трошоците се енормно високи, со извршени многу непотребни набавки.
ВМРО-ДПМНЕ во своите соопштенија уште минатата година укажа дека состојбите во енергетските компании посебно во АД ЕЛЕМ се многу сериозни поради недомаќинско работење, па постојат само две опции за да опстанат енергетските компании: покачување на струјата или уништување и колапс на енергетските компании. Сега е повеќе од очигледно дека СДСМ одбра да изврши уништување на електроенергетиката во Македонија.
Наместо тоа им препорачуваме на СДСМ веднаш да си заминат, за да може ВМРО-ДПМНЕ да ја застане економијата на стабилни основи, со цел да може да се развие и енергетиката во Македонија.
КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести