понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дали СДСМ не може да ја организира работата во РЕК Битола

Дали СДСМ не може да ја организира работата во РЕК Битола

ВМРО-ДПМНЕ подолго време реагира дека СДС врши масовни партиски вработувања во РЕК Битола. При изборот на кандидатите за вработување  последните три години  критериуми за избор се партиската активност, партиската послушност, а исто така  информиравме и за неколку бранови на непотизам.

За изборот на несоодветни кадри сега потврдата стигнува од актуелното раководство, како што имаат наведено Термоелетраните се соочуваат со „недостаток на работници а голем број на работници го напуштија комбинатот а не се примени соодветни доволен број нови работници на нивните места…”

Со ова се потврдуваат информациите кои што ВМРО-ДПМНЕ подолго време ги изјавуваше во јавноста.

Иако, во последните 2 години вработија околу 300 партиски војници, приближна бројка со бројот на вработени на кои им престанал работниот однос во најголем број заради остварување на правото на пензија, раководство на РЕК Битола неможејќи да се соочи со процесот на производство на електрична енергија односно рекордно најмалото производство, па во оваа „агонија” врши тортурасо казнени мерки и скратување на правата на стручните работицисо недозволување на користење на годишен одмор, слободни саати, воведување на дежурства не водејќи грижа дека работникот има право на дневен одмор и неделен согласно Законот за работните односи и Колективниот договор.

Интересен е фактот дека санкциони мерки се превземаат само кон политичките неистомисленици на СДС.

Инаку за потсетување со последните вработувања во месец декември 2019 година кога се вработија околу 200 партиски активнисти на СДС и коалиционите партнери меѓу другите се вработени на работни места: технички секретар, евидентичар, референт за евиденција, одговорен книговодител, административен техничар, деловодител, финансов рефрент, портир-стражар, магационер, комерцијален референт, техничар за хардвер, самостоен економист,технички цртач,референт за пресметка на камати, координатор за правни работи, референт за кадровска евиденција и општи работи, неколку самостојни инженери во Служба за контрола на квалитет од кои сигурно независи производствениот процес, нити пак можат да придонесат за зголемување на рекордно малото производство во РЕК Битола.

Најнови вести