вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Дали со нереализација на набавките за рударска опрема во РЕК-Битола се направени услови за профитирање на милионски суми на фирми блиски до СДСМ“?

„Дали со нереализација на набавките за рударска опрема во РЕК-Битола се направени услови за профитирање на милионски суми на фирми блиски до СДСМ“?

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува дали со нереализација на набавките за рударска опрема во РЕК-Битола се направени услови за профитирање на милионски суми на фирми блиски до СДСМ?

-Дали со нереализација на набавките за рударска опрема во РЕК-Битола се направени услови за профитирање на милионски суми на фирми блиски до СДСМ?!
Она што Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ го предочи уште во јануари 2020 година, сега излегува на виделина. Имено, во периодот после објавувањето на огласот за набавка на помошната механизација за рудниците во РЕК Битола, комисијата излезе во јавноста со свој став за оваа јавна набавка.
Во тој период еве што пишувавме:
„Кога СДСМ го презеде управувањето на ЕЛЕМ во 2017 година и според јавните изјави, ЕЛЕМ беше во одлична финансиска состојба, без никакви долгови кон други компании и со пари на сметка преку 20 милиони евра.
Три години од 2017 до 2020 година, СДСМ и раководството на АД Елем не објавија тендер ниту за помошната механизација, ниту за главната рударска опрема. Сега откако се закажаа изборите, актуелната власт и АД ЕСМ објавија јавна набавка 15192/2019 за помошна механизација. Тоа е единствено добро што е сторено во периодот на нивното работење, но дали во сето ова има нешто добро?
Ако се споредат јавната набавка 01-54/2016 од 2017 година и оваа сега под број 15192/2019 година, ќе се види дека има простор за сериозни забелешки во количините и квалитетот на опремата што се набавува. Споредбата е дадена во табелата, и тоа само на оние позиции кои се објавени во јавната набавка од 2017 година, споредени со сега објавената набавка бр 15192/2019.
Споредбена табела на опрема предвидена во 2017 и 2020 година.
Табелата е неприкосновена во фактот дека три години СДСМ ништо не работеше туку се користеа услуги од надворешни компании веројатно за лични интереси на поединци, а сето тоа на штета на буџетот и граѓаните на Македонија.
Во ваква ситуација се поставуваат прашањaта:
Што чекаше СДСМ три години за да го објави тендерот кој го поништија во 2017 година? Од кои причини на 17.08.2017 година, генералниот директор на АД„ЕЛЕМ” донесе одлука за поништување на постапката 01-54/2016 со предмет на набавка: Опрема за дисконтинтинуиран систем на експлоатација. Доколку е навистина како што е наведено во одлуката за поништување на постапката “настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот” да објаснат кои промени настанале и каде планираните средства за предметната набавка се пренаменети (потрошени)?
Дали знаат раководството на Електрани на Македонија со нереализирање на набавката Опрема за дисконтинтинуиран систем на експлоатација дека Електрани на Македонија немаат заштеда од повеќе од 8.000.000,00 € годишно, што значи досега се изгубени повеќе од 25.000.000,00 € годишно.
Според која проектна документација се направни барањата за техничките спецификации за опремата наведени во јавната набавка 15219/2019?
Зошто основното барање за камиони ги намалува на вкупно 7 додека потребата и објавата од 2017 година вели дека се неопходни 28 камиони?
Дали е ова повторно манипулација само замајување на македонскиот народ пред избори?
Дури и сега се користат преку 30 камиони од приватните компании, па прашање е зошто се набавуваат само 7 камиони во оваа јавна набавка?
Дополнително на ова, се наметнува прашањето:
Зошто е потребна оваа набавка кога Владата на СДСМ на својата 174-та седница во декември 2019 година ја усвои Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија за периодот од 2020 до 2040 година, во која има три сценарија и во нив се вели дека РЕК Битола престанува со производство во 2025 година??.
После четири месеци од овие настани, информациите кои ние ги обелоденивме уште во јануари, денес станаа реалност. Реалност за која веќе информираат и и новинарите.
„Од тогаш се поминати три месеци. Она што ни го одговорија од АД ЕСМ уште пред два месеци е дека станува збор за жалба на економски оператор што ја кочи постапката. Економскиот оператор не учествувал на тендерот но сепак поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки. „Фактор“ упати прашање до таму, а пред еден месец од комисијата ни беше одговорено дека не смеат да го соопштат името на операторот, односно неговото име ќе биде познато кога ќе биде донесена одлуката по жалбата. До тогаш не смееле да изнесуваат информации за предметната жалба додека трае постапката. Одлука по жалбата се уште нема, а последните кои комисијата за жалби по јавни набавки ги има објавено се од средината на месецов. Според она што го проверуваше „Фактор“, се уште нема одлука за оваа јавна набавка на Електрани на Македонија.
Оваа предизборна одлука од програмата „План за живот во Македонија“ требаше да заштети многу пари за Електрани на Македонија и за земјата ако се знае дека во последните 10 години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено околу 100 милиони евра, што претставуваат многу пари. И покрај предизборните ветувања на власта, продолжува скапата пракса приватници да копаат јаглен за РЕК Битола, а во меѓувреме имаше неуспешни обиди за купување на нови машини и наместо тоа, продолжи старата пракса на претходната Влада.
Оваа набавка, наспроти корона кризата, треба да се смета за продуктивен расход, затоа што долгорочно ќе ги намали трошоците за ископ на јаглен како основен извор на енергија од кој Македонија добива струја“.- истакнуваат од порталот „Фактор“
Изгледа дека пред „вистината и боговите молчат“. Додека ние предупредувавме дека условите во набавката се конфузни и збунувачки, а толкувањата на критериумите кои не се еднозначни може да предизвикаат преферирање на одреден економски оператор, партијата што е власт си тераше по свое. Но, најверојатно причината за ваквата јавна набавка беше со некаква цел! Огласот беше објавен така како што не треба, а факт е дека до денес немаме негова разрешница.
Ваквиот начин на работа воопшто не е зачудувачки за СДСМ. Најчесто тендерите за РЕК Битола се прават воопшто да не успеат, колку да се замае јавноста и гласачкото тело дека СДСМ се одлучила домаќински да работи. Пропаднатите тендери за набавка на рударска механизација се доказ дека во суштина и не им била намерата истите да се реализираат, бидејќи се знае кој ги изведува ископите во РЕК Битола. Фирми блиски до СДСМ, кои за возврат на добиените тендери ќе ја „потпомогнат“ изборната кампања на СДСМ. Овие фирми кои вршат ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола се јавна тајна за сите во енергетскиот бизнис. Бизнис кој некои знаат да го наречат и со синонимот „златна кокошка“, бидејќи за негова реализација секогаш плаќа народот. Но, едно е јасно, а тоа е дека на ваквите дворски игри со намерно пропадната тандери еднаш за секогаш ќе им дојде крајот. Народот кој се бори со пандемијата на вирусот КОВИД-19, а згора нa сẻ, се справува и со сиромаштијата која му ја наметна оваа ненародна власт, на изборите кои претстојат во иднина ќе си го каже своето. Народот ќе биде тој кој што ќе одлучи дали ќе ги одбере оние кои во овие тешки времиња набавуваат тони кафиња и апетисани или оние другите кои ветуваат дека ќе работат макотрпно за да го исправат она што се „запусти“ во овие три мрачни години од владеењето на СДСМ.
Дали со нереализација на набавките за рударска опрема во РЕК-Битола се направени услови за профитирање на милионски суми на на милионски суми на фирми блиски до СДСМ? Времето ќе покаже!
На следните избори народот ќе има можност ова расипничко работење да го казни, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Дали со нереализација на набавките за рударска опрема во РЕК-Битола се направени услови за профитирање на милионски суми…

Gepostet von Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ am Mittwoch, 29. April 2020

 

Најнови вести