Политичката партијата НСДП, која е дел од владејачкото мнозинство, смета дека големите политички партии треба да ја прекинат праксата на предвремени избори туку да се користи целиот мандат. Во ситуацијата, ставот на партијата е, да нема избори пред наредниот Самит на ЕУ во мај и затоа предлага ако има, тогаш изборите да се одржат во јуни.
„Во овие моменти НСДП смета дека сите парламентарни партии треба да ги надминат своите тесни калкулации и својот фокус да го стават на што побрзо донесување на законско решени за СЈО, со што формалниот аргумент кој го изнесува Франција ќе биде обеспредметен. Ново настанатата надворешно политичка позиција на Северна Македонија, во контект на интеграциите кон ЕУ, наметнува и императив за формирање на некое политичко тело во кое ќе партиципираат сите парламентарни партии, независно дали се од власта и опозицијата, кое ќе биде фокусирано во наредните неколку месеци на лобирање и подигнување на нивото на билатералните политички односи помеѓу Северна Македонија и Франција“, предлага партијата.