Како лидер на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, но пред се како долгогодишен активист за правата и слободите на една ранлива, мала, но автентична и автохтона етничка заедница, како што се Египќаните во Македонија, ги повикувам сите масовно да излезат на Пописот и да се попишуваат, истакнува дипломиран правник Демир Далип.
-Околу етничката припадност, да не подлегнат на никакви притисоци, закани, уцени и слично и да се декларираат како ЕГИПЌАНИ, односно она што во суштина и се. Тоа, е нивно уставно загарантирано право, а тоа е се со цел, да продолжи нашата легитимна борба за остварување на правата и слободите. Овој Попис за нас Египќаните има суштинско значение, во смисол на опстанување како Египќани, бидејки ни се закануваат процеси на т.н ,,културни и тивки асимилации,, кои доаѓаат од страна на одредени центри на мок, за што многупати сме алармирале, а на средбите со Амбасадорите и мисијата на ОБСЕ, сме ги нотирале истите. Длабоко сум убеден, дека Египќаните ќе бидат на висината на својата патриотска задача и на крајот ќе имаме објективна бројка на Египќани во Македонија, што ќе го олесни патот кон прогрес и институционална интеграција на мојот народ-Египќаните во Македонија, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, вели Далип.