Јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори е противуставен, бидејќи промовира дискриминација и ги става во нерамноправна и подредена улога Египќаните и сите оние етнички заедници, кои не се составен дел на Уставната Преамбула, вели лидерот на НГИ ,,Коалиција на Египќани“ Демир Далип.
Тој вели дека во Охрид, каде што Египќаните се втори по бројност, нема место за попишувачи Египќани, но затоа има за попишувачи Роми и тоа по број 7, иако бојот на Роми во Охрид е помалку од 70, вклучувајќи ги и малолетните деца, нема ниту во Ресен ниту во Струга.
-Ако, сакаме Попис како статистичка операција, според стандардите и правилата на ЕУРОСТАТ И ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, овој Оглас треба да се поништи, а Пописот да се одложи на неодредено време, а се со цел да не се изложи населението на ризик од заразување со Ковид-19.Ако, кон ова се додаде, дека држават е во кризна состојба, дефинитивно сите аргументи се во насока на пролонгирање на пописот. За ваквата состојба се известени и Амбасадите на Германија, Франција, ОБСЕ, ЕУ. Како, и сите грагани и Египќаните како лојални граѓани на Македонија, имаат право на веродостоен, кредибилен и објективен попис, истакна Далип.