недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Данела Арсовска: Јас немам партија, според тоа не можам да вработувам партиски војници (ВИДЕО)

Данела Арсовска: Јас немам партија, според тоа не можам да вработувам партиски војници (ВИДЕО)

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на стартот од денешната седница на Советот на Град Скопје ги отфрли обвинувањата од некои опозициски советници за наводни партиски вработувања во администрацијата на главниот град.

Арсовска порача дека таа партија нема и според тоа не може да вработува партиски војници.

– Сакам да се изолираме, ако можеме, од овие глупости со партиски војници, бидејќи таквите соопштенија ги слушаме веќе десет месеци, а ниедно лице формално не е вработено во Град Скопје. Јас партија немам, според тоа не можам да вработувам партиски војници. Доколку тоа било практика порано, тоа повеќе не продолжува, рече Арсовска.

Таа побара од советниците „ако можат да се надвминат сите“ со оваа тема.

Најнови вести