За образование не дискутирав затоа што 20 минути се навистина малку за да се споменат сите промашувања на оваа влада, нагласи Драган Данев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.
Данев појасни дека образованието е темелот за развојот на една држава.
-Ова искрено ви го зборувам. И тука имате сериозна манипулација со сите вработени во образовниот сектор со наставниците. Еве ве прашувам, колку е просечната плата во Република Македонија и колку наставници земаат потпросечната плата. Дали приправниците земаат плата колку просечната плата или колку што земаат редовните наставници. Ама тоа е ваше предизборно ветување, можеби е смешно, но вие тоа го ветивте. Па немате математичари, физичари да ви предаваат во училиштата по Скопје. Деца по два месеци немаат час по математика затоа што немаат наставник по математика, посочи Данев.