Не треба да сме задоволни со резултатите од ПИСА тестирањето. Не гледам дека има сериозно подобрување. Подобрена е само техниката на тестирање, констатираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на гостувањето на дебатата на телевизија Сител.
Според него за квалитет ни треба општествена мобилизација и како што вели „да не применуваме политикантство, туку да дадеме се од себе за квалитетен образовен процес“.
-Мора да се земе во предвод фактот дека сега се вклучени и земји кои претходно не биле вклучени во тестирањето како Азербејџан, Мароко, Панама и други, оттука не значи дека поради ваквото рангирање сме и нешто подобри. И ако ги видите резултатите нема подобрување во читање и математика, само за 0,5 проценти сме подобрени во наука, посочи Данев.
Тој се осврна и на најавата за транспарентност во оваа област, образовната која е многу важна.
-Законот за основно образование во сите фази помина за десеттина дена во летен период, а ветија транспарентност и дебата, посочи Данев.
Ова не е начин да се оди напред кога станува збор за образовниот систем, рече Данев кој укажа дека Македонија едноставно треба да гради свој образовен систем со позитивни светски пракси.