Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев ја потсетува јавноста за тоа што се во 2016 година ветуваше СДСМ со нивниот „План за живот во Македонија“, притоа прикажувајжи ја и фактичката состојба од тригодишното владеење на СДСМ
-Ветување: ” Ќе ги зголемиме платите на наставниците и професорите,со тоа што за ДВЕ ГОДИНИ ќе ја изедначиме почетничката наставничка плата со просечната плата во државата. ”
Реализација: Јуни-2019(третта година власт)
Почетничка наставничка плата – 21500
Просечна плата во државата -25500
Заклучок:” ВЕТЕНО-СТОРЕНО”
Решение: Значаен параметар во развојот на образовниот систем покрај современа образовна инфраструктура,современи образовни програми и помагала,среќни и задоволни ученици е и
МОТИВИРАНИ НАСТАВНИЦИ!
П.С. Флоскулата “нема доволно пари” – сега во контекс на актуелните случувања е само флоскула!
Пари јасно е дека има но распределбата треба да биде во правец на обезбедување квалитетна иднина за сегашните и идните генерациии!
Време е граѓаните да дадат свое мислење за работата на двоецот СДСМ-ДУИ на
ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!, пишува на својот Фејсбук профил претеникот Данев.