Има пад во доверба во образовниот систем за времето на оваа власт, или процентот на незадоволство оди од 46,3 проценти на 51,6 процент. За овој тренд одговорна пред се е владеачката гарнитура, рече Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше на телевизија Сител.
-Претходно се направи компјутеризација и дигитализација во образованието, зголемување на средства за стипендиии, воведување на светски познати програми, модерно опремени лабораториии во високо образовниот систем и друго. Денес нема ништо, нема дополнителен поттик, на пример нема поголем број на стипендии. Сега имаме само некои законски измени и ништо друго, се застана, нема никаков проект, рече Данев.
Според него очекувањата на граѓаните беа огромни, бидејќи СДСМ во предизборието рече дека еден од приоритетите е образованието, и доживеаја фијаско.
-Сега имаме влада која крати, при ребалнас на Буџетот пред два месеци, 14 милиони евра во делот на образование. Каде е ставено воопшто образованието на агендата на оваа влада, праша Данев.