Епидемилогот Драган Даналиовски и поранешен министер за здравство во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 истакна дека рестриктивните мерки власта требаше да ги превземе многу порано и истите требаше да бидат многу порадикални. Сега според него веќе е доцна. Треба да се воведе полициски час 24 часа 7 дена во неделата досегашните мерки според него не се доволни за да се сопре лавината.
Тој напомена и дека 14 дневниот карантин не е доволен имајќи во предвид дека вирусот се шири асимптоматично и постојат примери каде инкубацискиот период на вирусот траел и до 27 дена.
-Видете јас уште недамна предупредував дека ќе имаме експоненционален раст на случаите и дека ќе беше најдобро да превземеме драконски мерки уште кога имавме двоцифрен број на болни 14-15 кога беа требаше радикално да се задуши понатамошното ширење, вели тој.
Едпидемилогот Данаиловски истакна дека во Македонија само што започна експоненционалиот раст на случаи и допрва бројот на случаи ќе расте и дуплира. Тој стравува дека ваквото брзо ширење на вирусот е закана која може да доведе до целосен колапс на здравствениот систем.
-Во моментов имаме една ситуација на троцифрен број на болни и ако се потсетиме како изгледа експоненционалната крива на растот ние само што настапуваме да се искачуваме на стрмниот дел од кривата. Тоа подразбира секојдневно да се регистрираат се повеќе и повеќе болни и за некои 4-5 дена на тие интервали ќе се удвојува бројот на случаи. Тоа е закана за комплетно колабирање на здравствениот систем. Ако се надмине капацитетот на здравствениот систем ќе нема да може да се пружи адекватна зравствена услуга не само на болните од КОВИД 19 туку и другите болни, со друга патологија, хронично болни, заклучи тој.