Проф. д-р Драган Даниловски вечерва гостуваше во „Отворено студио“ каде што посочи дека потребно е време да се релаксираат мерките, да се види реакцијата по релаксирање на мерките па потоа да се говори за масовни собири како што се и изборите.
-Се ќе зависи од текот на настаните. Да се релаксираат мерките, да видиме како ќе се одвива работата со болеста во популацијата, па тек тогаш може да судиме. Пред крајот на мај мислам дека не можеме да очекуваме некакви показатели во оваа смисла, појасни Даниловски.