Државната изборна комисија е подготвена за спроведување на локалните избори што ќе се одржат во недела, вели за Курир претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Доверливиот материјал кој содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список вчера се дистрибуираше во сите општини.
-Сите избирачки материјали се предадени вчера без никакви проблеми. Никаде ништо не недостасува. Денеска го комбиња се доставуваат и уредите за биометриска идентификација на гласачите и овој процес е при крај, вели Даштевски за Курир.
Посочува дека во недела, Државната изборна комисија редовно ќе информира за излезноста во предвидените пресеци.
Инаку, гласачките ливчиња се заштитени со над 20 заштити. Не е можно нивно фалсификување, ниту пренесување на ливчиња од едно на друго избирачко место затоа што сите ливчиња се обележани и заштитени.