вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Даштевски: Од финансиски, човечки и временски аспект сметам дека пожелно е изборите да се спојат

Даштевски: Од финансиски, човечки и временски аспект сметам дека пожелно е изборите да се спојат

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, лично, смета дека двата изборни циклуси кои што ни претстојат следната 2024 година, претседателски и парламентарни избори, пожелно е да се спојат со цел финансиските импликации да бидат помали но и да се поштедат човечките ресурси како и нивното време.

Посочи дека ДИК се подготвени во секое време успешно да ги спроведат престојните избори, и дека одлуката како ќе се органнизираат изботите е во надлежност на Собранието, но ако се земе предвид и се прифати иборните циклуси да бидат споени, ќе биде подобро.

-Вака да кажам да не се сфати погрешно, не е работа на ДИК да прави такви проценки, меѓутоа мое лично мислење, би рекол дека сигурно ако се спојат ќе биде подобро не само од тој финансиски аспект, туку и од аспект на човечки ресурси. Знаете дека негде околу 40 илјади луѓе учествуваат во процесот како членови на општински избирни комисии, избирачки одбори, помошни тела во ДИК и така натаму. Така што тоа би им одземало и време повеќе, тие би требало постојано во перманентен процес да се. Така што и од финансиски аспект, од човечки ресурси и од временски аспект сметам дека би било соодветно да се спојат изборите“, рече Даштевски во гостувањето во Дневникот на Сител.

Додаде дека тие се подготвуваат и ги усогласиле работите кои треба да се превземат и врз основа на тоа утврдиле што е потребно и што не, поочувајќи дека имаа една препорака да направат и некои рамковни спогодби кои пред изборите ќе треба само да се исполнат.

Даштевски, меѓу другото, истакна дека пред недела дена се сретнале со минситерот за финансии каде што ја утврдиле сумата потребна за изборните циклуси идната година на една милијадра денари, која тие ќе ја предвидат во проекцијата на државниот буџет.

-Ние минатата недела , мислам дека минатиот петок беше, имавме средба со министерот за финансии. Тоа е редовна пракса пред изборите да ги усогласиме нашите ставови со нивните и се усогласивме во однос на финансиските средства кои ќе бидат потребни. Во согласност со министерот ја заокруживме сумата на милијарда денари за целата 2024 година. Значи тоа е сумата која сега за сега е предвидена тие нив ќе ги предвидат во буџет и со тоа ние сме направиле сериозна работа која ќе ни помогне подоцна да планираме, истакна Даштевски.

Најнови вести